Кај градот Хаќќари се неутрализирани тројца терористи на ПКК

Во операциите кои што се реализираат внатре во границите на земјата и надвор преку границата продолжуваат да и се нанесуваат тешки удари на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Кај градот Хаќќари се неутрализирани тројца терористи на ПКК

Во реализирана операција поддржана од воздух во подрачјето на градот Хаќќари во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Турските вооружени сили (ТВС) не им дозволуваат на сепаратистичките предавници ниту да земат здив.

Во операциите кои што се реализираат внатре во границите на земјата и надвор преку границата и се нанесуваат тешки удари на терористичката организација.

Во руралното подрачје во близина на селото Кавакли кај градот Хаќќари со помош на беспилотни летала ИХА беше утврдена група терористи.

Потоа беше реализирана операција подржана од воздух во која беа неутрализирани тројца терористи.

Во меѓувреме, и се зададени тешки загуби и на таканареченото женско организирање на сепаратистичко-терористичката органзиација ПКК.

Така во последните 3 месеци се неутрализирани 14 терористи жени меѓу кои се наоѓаат и таканаречени раководители.

Заедно со воените операции продолжуваат и активностите во правец на пресушување на финансиските извори на терористичката организација.

Турските безбедносни сили реализираа операција од широк обем во руралните подрачја на градот Дијарбакир во југоисточниот дел на земјата.

Цел на операцијата беа опојните дроги како најзначаен извор на приходи за терористичката организација.

Во операцијата беа запленети 7 тони опојни дроги и 670 илјади стебла канабис.

Освен тоа во операцијата беа откриени и 100 килограми експлозив кои биле поставени на крајот на еден пат и притоа беа уништени.



Слични вести