Ердоган: Наглата промена на девизниот курс е доказ за обидот за економски атентат врз Турција

Претседателот Р. Т. Ердоган истакна дека наглата промена на девизниот курс во месец август на ниво од 7 турски лири само по себе претставуваат доказ за обидот за економски атентат врз Турција

Ердоган: Наглата промена на девизниот курс е доказ за обидот за економски атентат врз Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на претседателите на градските организации на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) во проширен состав.

Ердоган истакна дека поради заканувачкиот став на САД веќе никоја земја не располага со своја политичка и економска безбедност.

Во врска со порастот на девизниот курс, претседателот Ердоган во својот говор истакна дека наглата промена на девизниот курс во месец август на ниво од 7 турски лири само по себе претставуваат доказ за обидот за економски атентат врз Турција.

Ердоган рече: „Тоа што се појави еден ваков резултат поради тоа што не ги прифативме отворените недолични барања на управата на САД во врска со суверените права на нашата земја укажува на тоа дека прашањето е целосно политички раководено. Овој случај што го доживеа Турција претставува израз на тоа дека веќе ниту една земја во светот не е политички и економски безбедна.“

Претседателот Ердоган укажа на тоа дека високите камати и високиот девизен курс претставуваат средство на експлоатација и рече: „Нашиот одговор до оние кои сакаат да ја погодат Турција со посредство на девизниот курс треба да го дадеме со тоа што предностите на нивото на кое е дојден курсот да ги одразиме на нашиот извоз и поврзано со тоа на производството и вработувањето.“ 

Ердоган им се обрати и на турските граѓани во странство и рече: „Ги повикувам да ги вреднуваат своите златни обврзници и еврообврзници како и договори за изнајмување под кирија со кои ќе и се обезбедат додатни приходи на државата.“  

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор стави акцент и на употребата на националната валута турската лира во врска со што рече: „Никој кој нема работа со извоз и увоз не треба да има работа со девизи. Им се обраќам на моите граѓани, верувајте во нашите, во вашите национални валути.“

 



Слични вести