Турција: Формирањето на Уставен комитет за Сирија ќе продолжи со разговори меѓу гаранторските земји

МНР на Турција соопшти дека претседателите на делегациите на Турција, Русија и Иран како гаранторски земји од процесот од Астана на 10 и 11 септември во Женева се состанаа со специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура

Турција: Формирањето на Уставен комитет за Сирија ќе продолжи со разговори меѓу гаранторските земји

Турција соопшти дека процесот за формирање Уставен комитет за Сирија ќе го продолжи со разговори на техничко ниво меѓу земјите гарантори од процесот од Астана.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека претседателите на делегациите на Турција, Русија и Иран како гаранторски земји од процесот од Астана на 10 и 11 септември во Женева се состанаа со специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура.

„На разговорите стана збор за формирањето на Уставниот комитет кој што претставува значајна фаза во рамките на напорите за изнаоѓање политичко решение за кризата во Сирија. Во тој контекст е потврдена постигнатата согласност во врска со списоците предложени од страна на режимот и опозицијата, и се одржани консултации за формирање на групата составена од граѓански организации која ќе ја сочинува третата група. Процесот ќе биде продолжен со разговори на техничко ниво меѓу земјите гарантори од процесот од Астана.“ - се вели во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи.



Слични вести