Повик од Турција во СБ на ОН за ставање крај на сите воени операции и прекин на огнот во Идлиб

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу во Советот за безбедност упати повик  за ставање крај на сите воени операции и прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Повик од Турција во СБ на ОН за ставање крај на сите воени операции и прекин на огнот во Идлиб

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу во Советот за безбедност на ОН кој се состана на барање на Русија ги информираше земјите членки на Советот во врска со резултатите од самитот што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани го одржаа на 7 септември во петокот во Техеран.

Синирлиоглу во Советот за безбедност упати повик  за ставање крај на сите воени операции и прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Потсетувајќи дека разговорите во Астана беа одржани за намалување на насилството и придавање интензитет на политичкиот процес во Сирија, Синирлиоглу истакна дека воедно и на одржаниот самит во Техеран на преден план се појави прашањето со Идлиб.

Синирлиоглу напомена дека во Терхеран претседателот Ердоган упати повик за прекин на огнот и го повтори повикот за ставање крај на сите воени операции и прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб.

„Нашиот прекин на огнот ги опфаќа сите воени операции и Турција ќе ги продолжи своите активности во таа насока. Исто така ја покануваме и меѓународната заедница за гласна и активна поддршка на нашите напори.“ - рече Феридун Синирлиоглу.

Синирлиоглу го достави и следното предупредување: „Воените операции во Идлиб несомнено ќе станат причина за човечка трагедија, ќе го започнат бегалски бран, ќе создадат безбедносни ризици во Турција, Европа и пошироко.“  

Потсетувајќи дека Турција која згрижува 3,5 милиони бегалци е земја која е домаќин на најголем број бегалци во светот, Синирлиоглу рече: „Меѓутоа да се соочиме и со следното; пред долго време ние ја достигнавме горната граница на нашиот капацитет.“

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу потенцира дека не треба да се дозволи да се доведат во опасност животите на милиони недолжни луѓе во Идлиб и го подвлече следното: „Тоа претставува заедничка задача на меѓународната заедница. Оние кои денеска нас не следат со загриженост во Идлиб не се терористите туку 3,5 милиони цивили и 1 милион од нив се деца. Не можеме да ги разочараме нив.“



Слични вести