МИТ го донесе од Сирија во Турција терористот, планер на терористичкиот напад во Рејханли во 2013 г.

Националната разузнавачка служба (МИТ) со успешно реализирана операција го фати во градот Латакија во Сирија и го донесе во Турција бараниот терорист Јусуф Назик, планер на терористичкиот напад кој беше извршен во 2013 година во Рејханли кај Хатај

Terrorista.jpg
reyhanli saldiri.jpg

Бараниот терорист Јусуф Назик, планер на терористичкиот напад кој беше извршен во 2013 година во населеното место Рејханли кај градот Хатај, од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) беше фатен во градот Латакија во Сирија и беше донесен во Турција.

Фатениот терорист во својата прва изјава призна дека предавничкиот терористички напад во Рејханли во кој животот го загубија 53 турски граѓани го извршил по наредба добиена од сириските разузнавачки единици.

Злогласниот терорист рече: „И се обраќам и на државата Сирија, турската држава е многу голема, сигурно ќе ја наплати сметката за тоа од вас.“

Во градот Латакија каде се наоѓал терористот Јусуф Назик кој ги усмерувал извршителите на бомбашкиот напад во Рејханли и ја воспоставувал комуникацијата со сириската разузнавчка служба од страна на Националната разузнавачка служба МИТ беше реализирана стопроцентно прецизна операција.

Јусуф Назик кој се наоѓа во категоријата означена со сина боја во списокот на барани терористи откако беше фатен во успешно реализираната операција на припадниците на МИТ по безбедни патишта беше донесен во Турција каде се сослушува. 

Терористот во неговото прелиминарно сослушување призна дека по добиена наредба од сириските разузнавачки единици почнал да трага по места за реализација на терористичка акција во Турција и извидувал алтернативни места за акција, по што го организирал внесувањето на експлозивот од Сирија во Турција и поставувањето на овој експлозив во две возила Трансит кои што ги набавил.

Освен тоа терористот сподели детални информации и во врска со таканаречениот водач на Мукавеме во Сирија Михрач Урал за кого се знае дека имал улога во експлозиите во Рејханли.

Терористот ги повика да се предадат и другите обвинети во бегство кои учествувале во терористичкиот напад и за време на неговото сослушување истакнал дека е родум од Антакја, дал информации во врска со своето семејство и признал дека предавничкиот терористички бомбашки напад во населеното место Рејханли кај Хатај во близина на границата со Сирија го извршил заедно со други негови другари соучесници.

Велејќи дека наредбата за реаклизирање на нападот ја добил од сириската разузнавачка служба, злогласниот терорист рече: „Не можев да избегам од државата Турција, се кајам. Ме фатија во Сирија и ме донесоа. Им се обраќам на моите другари во Сирија: вратете се додека сеуште е рано, турската држава ќе ни излезе во пресрет, нашата сопствена држава ќе ни излезе во пресрет. И се обраќам и на државата Сирија, турската држава е многу голема, сигурно ќе ја наплати сметката за тоа од вас.“

Во текот на оваа операција која што беше спроведена за фаќање на терористот и не беше добиена никаква разузнавачка или логистичка поддршка од разузнавачката служба на било каква странска држава, фазите на негово откривање, следење, фаќање и испорака беа реализирани целосно од страна на припадници на Националната разузнавачка служба МИТ.

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул во врска со приведувањето на бараниот терорист Јусуф Назик, планерот на терористичкиот напад во Рејханли кај градот Хатај во 2013 година рече: „Беше реализирана успешна операција. Нашата држава каде и да се наоѓа извршителот на кривично дело, која и да е терористичка организација, секако дека ќе ги следи и гони до крај и независното судство ќе им ја додели заслужената казна.“



Слични вести