Мевлут Чавушоглу утре ќе отпатува во официјална посета на Пакистан

Во објавеното писмено соопштение од МНР на Турција се истакнува дека на покана на пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши министерот Мевлут Чавушоглу утре ќе отпатува во официјална посета на Пакистан

Мевлут Чавушоглу утре ќе отпатува во официјална посета на Пакистан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре (13.09.2018) ќе отпатува во официјална посета на Пакистан.

Во објавеното писмено соопштение од министерството за надворешни работи се истакнува дека на покана на пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши министерот Мевлут Чавушоглу утре ќе отпатува во официјална посета на Пакистан.

Во соопштението се вели дека во рамките на дводневната посета министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу освен тоа што ќе се состане со својот пакистански колега Курејхши се предвидува да биде примен и кај пакистанскиот претседател Ариф Алви и премиерот Имран Хан.

На сиве овие средби и разговори ќе стане збор за односите помеѓу Турција и Пакистан, а ќе бидат разменети и мислења во врска со регионални и меѓународни случувања. 

Новиот претседател на Пакистан Ариф Алви кој победи на одржаните избори на 25 јули потоа на 9 септември положи заклетва и официјално почна да ја извршува функцијата претседател на државата.



Слични вести