Во последните 3 месеци внатре во земјата и преку границата се неутрализирани 760 терористи на ПКК

Бројот на неутрализираните терористи во реализираните операции во последните три месеци внатре во границите на земјата и надвор преку границата изнесува 760, од кои 400 терористи се неутрализирани во северниот дел на Ирак и на планината Кандил

Во последните 3 месеци внатре во земјата и преку границата се неутрализирани 760 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат со ефикасната борба за елиминирање на присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Бројот на неутрализираните терористи во реализираните операции во последните три месеци внатре во границите на земјата и надвор преку границата изнесува 760, од кои 400 терористи се неутрализирани во северниот дел на Ирак и на планината Кандил.

Од овие неутрализирани терористи 15 членови на таканаречениот водечки кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Од нив 7 се наоѓаа во списокот со терористи означени со црвена боја, двајца со портокалова и тројца со сива боја.

Во меѓувреме, продолжуваат и операциите против терористите внатре во границите на земјата.

Турските безбедносни сили во последните реализирани операции кај градовите Хаќќари и Ван запленија 13 рачни бомби и голема количина муниција.



Слични вести