Реакција од Турција против одлуката на САД за затворање на канцеларијата на ПЛО во Вашингтон

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој истакна дека одлуката на САД за затворање на канцеларијата на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон е показател за губењето на непристрасноста на САД во мировниот процес на Блискиот Исток

Реакција од Турција против одлуката на САД за затворање на канцеларијата на ПЛО во Вашингтон

Реакција од Турција против одлуката на САД за затворање на претставништвото (канцеларијата) на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека оваа одлука е показател за губењето на непристрасноста на САД во мировниот процес на Блискиот Исток.

Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со одлуката на САД за затворање на претставништвото (канцеларијата) на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) со седиште во Вашингтон.

Хами Аксој истакна дека одлуката на САД е загрижувачка и дека истата нема да биде во услуга на било каква друга цел освен тоа што ќе ги охрабри обидите во правец на разорување на визијата за решение со две држави.

„Турција ќе продолжи да зазема место покрај палестинскиот народ во неговата праведна борба и да ги поддржува меѓународните напори во правец на изнаоѓање праведно и трајно решение за палестинското прашање.“ - рече портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој.

Инаку, портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт во своето писмено соопштение што го објави неодамна истакна дека е донесена одлука за затворање на канцеларијата на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон.

Науерт рече: „Администрацијата во контекст на грижите на Конгресот одлучи да се затвори канцеларијата на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон.“



Слични вести