Јапонската принцеза Акико Микаса примена кај претседателот на собранието Бинали Јилдирим

Јапонската принцеза Акико Микаса во Анкара беше примена кај претседателот на собранието Бинали Јилдирим, се состана со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и посети низа значајни места знаменитости во градот Киршехир

Јапонската принцеза Акико Микаса примена кај претседателот на собранието Бинали Јилдирим

Јапонската принцеза Акико Микаса која престојува во неколкудневна посета на Турција вчера оствари низа разговори во Анкара.

Во тие рамки јапонската принцеза беше примена кај претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим.

Приемот кај Јилдирим во неговата официјална резиденција беше затворена за печатот.

Јапонската принцеза Акико Микаса вчера се состана и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На средбата што се одржа во официјалната резиденција на министерството за надворешни работи внимание привлече лакот со турски и јапонски знамиња на ноктите на рацете на јапонската принцеза.

По сликањето од страна на новинарите и кусото снимање од страна на камерите, средбата продолжи затворена за печатот.

Инаку, јапонската принцеза Акико Микаса која пред неколку дена допатува во неколкудневна посета на Турција претходно завчера во Истанбул во дворецот Мабејн во сарајот Јилдиз беше примена кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Потоа јапонската принцеза допатува во Анкара каде своите разговори и средби ги започна со посета на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“.

Принцезата Акико положи венец на гробот на Ататурк, основоположникот на Република Турција и му оддаде почит на Големиот лидер, ја прошета кулата Мисак-и Милли (Кулата на националните сили), а потоа се потпиша со спомен книгата на мавзолејот.

Јапонската принцеза потоа ги посети турско-јапонскиот културен центар во Анкара од каде што замина за градот Киршехир каде што во населеното место Каман ги посети археолошкиот локалитет Калехојук, Јапонскиот анадолски археолошки институт, Јапонската градина и Археолошкиот музеј Калехојук.

Посетата на јапонската принцеза Акико Микаса на Турција ќе продолжи до 14 септември. 

 



Слични вести