Ердоган: Светот мора да го запре Асад

На повидок е напад врз Идлиб поради што меѓународната заедница мора да биде свесна за одговорноста

Ердоган: Светот мора да го запре Асад

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со нападот на режимот во Сирија врз Идлиб рече дека ќе предизвика сериозни хумани и безбедносни ризици за Турција, останатиот европски дел и другите.

Во статијата за американскиот „Волстрит џорнал (WSJ)“, претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна:

„На повидок е напад врз Идлиб поради што меѓународната заедница мора да биде свесна за одговорноста. Голем е цехот на пасивноста во овој случај. Сирискиот народ не можеме да го препуштиме на милоста на Бешар Асад.

Ердоган во статијата за Волстрит џорнал под наслов „Светот мора да го запре Асад“ направи проценка на последните случувања во Идлиб и ставот на Турција.

Ердоган истакна дека Турција во однос на Идлиб направи многу повеќе од своите можности, потенцирајќи дека сето она што го направи режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во Сирија во изминатите седум години е очигледно.

Во освртот на претстојниот напад на Асад врз Идлиб, Ердоган предупреди дека целта на за нападот не е вистинска и ефикасна кампања за борба против тероризмот, туку уништување на опозицијата.

Ердоган во статијата напиша дека Идлиб е последниот излез од оред мостот. Ако Европа и САД бидат неуспешни во преземањето заедничка интервенција, не само невините цивили, туку целиот свет ќе биде принуден да плати цех за тоа. Турција направи се што е во нејзина можност за спречување на масакрот во соседна Сирија.

Турција со приемот на над 3,5 милиони Сиријци, покажа голема пожртвуваност, рече Ердоган потенцирајќи дека во истиот период истовремено бевме и цел на терористичките организации како што се ДЕАШ (ИСИЛ) и сепаратистичко терористичката организација ПКК кои делуваа во непосредна близина на земјата. Ништо не можеше да не спречи во нашиот решителен став, ниту цехот на хуманитарната помош ниту пак безбедносните грижи.

Ердоган во врска со Идлиб освен тоа што и се обрати на САД, исто така им се обрати и на Москва и Техеран.

САД кои се фокусирани кон евентуални хемиски напади, треба да ги одбие произволните смртни случаи според некоја хиерархија. Конвенционалните оружја се одговорни за многу поголем број убиства, додека одговорноста за спречување на масакрот во непосредна близина не паѓа само на Запад. Исто така Русија и Итан, партнерите на преговорите во Астана се подеднакво одговорни за спречување на човечката трагедија во Идлиб, рече Ердоган.

Режимот на Асад се обидува да ги легитимизира своите напади врз основа на  борба против тероризмот. Затоа не треба да паднете во стапица. Ниту една друга земја освен Турција не заслужува поголема почит во борбата против тероризмот. Решението на Бешар Асад е погрешно. Невините луѓе не треба да бидат жртви во име на наводна борба против тероризмот. Ваквиот приод единствено ќе предизвика нов екстремизам и нови можности за тероризмот. Појавата на ДЕАШ (ИСИЛ) претставува последица на случувањата во Сирија, а не причина.

Претседателот Ердоган рече дека во одредени места на Идлиб делуваат и терористички организации како што е Хејет Тахрир еш-Шам, потенцирајќи дека само дел од населението на подрачјето ги подржува нивните активности. Затоа во борбата против тероризмот може да се обезбеди цивилите да не бидат изложени на оштетување. Конкретен пример за тоа претставува борбата на Турција против ДЕАШ и ПКК.



Слични вести