Ибрахим Калин: Нападот врз Идлиб пред се ќе ги крене во воздух политичките процеси

Портпаролот на претседателот Ердган, Ибрахим Калин рече: „Евентуалниот напад врз Идлиб пред се ќе ги крене во воздух политичките процеси кои што продолжуваат до моментов и ќе доведат до сериозна криза на доверба.“

Ибрахим Калин: Нападот врз Идлиб пред се ќе ги крене во воздух политичките процеси

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердган, Ибрахим Калин, по седницата на кабинетот даде изјава за претставниците на печатот.

Калин истакна дека евентуалниот напад на подрачјето на градот Идлиб во Сирија ќе ги крене во воздух политичките процеси кои што продолжуваат до моментов и ќе доведат до сериозна криза на доверба.

Ибрахим Калим упати повик до светската јавност, западните земји, САД и регионалните земји за делување во координација по ова прашање за стопирање на евентуалниот напад  во подрачјето на градот Идлиб.

Калин рече: „Евентуалниот напад врз Идлиб пред се ќе ги крене во воздух политичките процеси кои што продолжуваат до моментов и ќе доведат до сериозна криза на доверба.“

Велејќи „Очекувме од сите инволвирани страни во пробемот во Сирија да презнтираат став кој што ќе обзбеди конструктивен придонес во наредните денови“, портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, рече: „Очекуваме едногласност во политичкото решение кое што ќе ги елиминира сите проблеми во однос на Идлиб.“



Слични вести