Чавушоглу во Букурешт примен кај романскиот претседател Клаус Вернер Јоханис

Министерот за надворени работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Букурешт каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Турција, Романија и Полска, а во оваа прилика остварува и низа средби разговори

Чавушоглу во Букурешт примен кај романскиот претседател Клаус Вернер Јоханис

Министерот за надворени работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Букурешт беше примен кај романскиот претседател Клаус Вернер Јоханис. 

Чавушоглу во Романија каде што престојува по повод состанокот на министрите за надворешни работи на Турција, Романија и Полска остварува и различни разговори и средби.

Мевлут Чавушоглу овие свои разговори и средби ги започна со посетата на дворецот на Парламентот каде што се состана со претседателот на Претставничкиот дом Ливиу Драгнеа.

Чавушоглу потоа се состана со својот колега романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелескану и својиот колега полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович, по што во претседателската резиденција дворецот Котрочени беше примен кај романскиот претседател Клаус Вернер Јоханис.

На сиве овие средби покрај билатералните односи беше разговарано и за главните точки на четвртиот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Романија и Полска посветен на политички и воени прашања на трите земји.

На состанокот на министрите за надворешни работи на Турција, Романија и Полска денеска во Букурешт се планира да се направи проценка на одлуките на самитот на НАТО во Брисел што се одржа во јули и да бидат разменети мислења во врска со актуелните безбедносни предизвици на евроатлантските простори.

 



Слични вести