Чавушоглу порача од Букурешт: Да престанат нападите во Идлиб. Да работиме заедно против терористичките групи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу од Букурешт, Романија порача: „Нашиот предлог е јасен. Да престанат нападите (во Идлиб). Да работиме заедно за ставање крај на постоењето на терористичките групи.“

Чавушоглу порача од Букурешт: Да престанат нападите во Идлиб. Да работиме заедно против терористичките групи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по состанокот на министрите за надворешни работи на Турција, Романија и Полска што се одржува во Букурешт одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот со своите романски и полски колеги, Теодор Мелескану и Јацек Чапутович. 

Чавушоглу привлече внимание дека ситуацијата во Сирија го засега секого и истакна дека се работи заедно со земјите кои располагаат со иста идеја по ова прашање. 

Велејќи дека продолжуваат нападите врз Идлиб како од страна на режимот така и од страна на Русија, Чавушоглу рече: „Нашиот предлог е јасен. Да престанат нападите (во Идлиб). Да работиме заедно за ставање крај на постоењето на терористичките групи.“

Мевлут Чавушоглу својот говор го продолжи со следните зборови: „Не можеме да постигнеме одреден сериозен напредок во постигнувањето на 'политичко решение' што претставува и најдобро решение во Сирија, но режимот и неговите поддржувачи веруваат во военото решение. И покрај тоа што вложивме сериозни напори во Астана и Сочи, и покрај тоа што се состанавме во Техеран за спречување на масакрот, нападите на режимот продолжуваат.“ 

Поставувајќи го прашањето „Зошто треба да се убијат толку голем број цивили, илјадници жени и деца?“, Мевлут Чавушоглу подвлече дека треба да се фрли заедничи чекор по ова прашање. 

Чавушоглу нагласи дека Турција освен со Русија, Иран, САД, Франција и Англија е спремна да работи заедно со сите партнери во Сирија и напомена дека Турција работи со сите билатерално и трилатерално, а пред се со Русија и Иран, за ставање крај на ситуацијата во Сирија и изнаоѓање на соодветно мирољубиво решение.

Привлекувајќи внимание на територијалниот интегритет на Сирија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Меѓутоа убивањето на недолжните луѓе, жените и децата не претставува метод за воспоставување на територијалниот интегритет (на Сирија). Ги повикувам сите да го кренат својот глас против агресивноста на режимот во Сирија и да се изнајде мирољубиво решение.“



Слични вести