Денес е 30 август Празник на победата

30 август во Турција секоја година се слави како Празник на победата и Ден на Турските вооружени сили, датумот кога народноослободителната борба резултираше со победа

Денес е 30 август Празник на победата

Денес го славиме 30 август Празникот на победата, датумот кога народноослободителната борба резултираше со победа.

Кон поразот на Османлиската држава на крајот на Првата светска војна и окупацијата на татковинските територии од страна на странските сили беше додаден и обидот на грчата војска за окупирање на Анадолија.

Потоа започна народноослободителната борба која траеше неколку години. Последната алка на народноослободителната борба беше Битката на Врховниот командант која на 30 август 1922 година резултираше со победа. Оваа победа овозможи да се формира независна Република Турција.

Ете денеска го славиме 30 август Празникот на победата на нашата јуначка армија и нашиот јуначки народ, гаранцијата на нашата независност.

Со милост, благодарност и почит се сеќаваме на нашите предци кои учествуваа во оваа извојувана честита победа, кои јуначки ги положија своите животи и ни ја подарија оваа прекрасна татковина.

Нека е честит 30 август Празникот на победата!



Слични вести