Турската армија за една недела неутрализира 39 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) за една недела неутрализираа 39 терористи на ПКК меѓу кои се наоѓаат и четворица членови од водечкиот кадар на оваа терористичка организација

Турската армија за една недела неутрализира 39 терористи на ПКК

Турција ја продолжува со одлучност својата борба против тероризмот, како внатре во границите на земјата, така и преку границата.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили (ТВС) се истакнува дека е реализирана воздушна операција преку границата, на областа Хакурк во северниот дел на Ирак

Во воздушната операција се неутрализирани 5 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во меѓувреме, Турските вооружени сили (ТВС) го соопштија и билансот во борбата против тероризмот во последната една недела. 

Според тоа, за една недела се неутрализирани 39 терористи на ПКК меѓу кои се наоѓаат и четворица членови од водечкиот кадар на оваа терористичка организација.

Освен тоа во реализираните операции се запленети и големи количини на оружје, муниција и експлозив.

Особено во северниот дел на Ирак се уништени засолништа, скривници и наоружени позиции. 

Воедно и во реализираната операција од страна на безбедносните сили во руралното подрачје на Коџаќој кај ргадот Дијарбакир се неутрализирани двајца терористи од кои како што се вели едниот се наоѓал во сивиот список на терористи по кого се трагало.

Како што е установено терористиот за кој станува збор се вика Ахмет Дорак познат по кодното име „Сокол“, кој бил еден од таканаречените одговорни лица на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести