Претседателот на Генералното собрание на ОН Лајчак идната недела ќе допатува во посета на Анкара

Мирослав Лајчак, претседателот на 72-рото заседание на Генералното собрание на ОН идната недела ќе допатува во посета на Анкара

Претседателот на Генералното собрание на ОН Лајчак идната недела ќе допатува во посета на Анкара

Претседателот на 72-рото заседание на Генералното собрание на ОН Мирослав Лајчак идната недела ќе допатува во посета на Турција.

Бренден Варма, портпаролот на Лајчак на редовниот дневен брифинг за печатот истакна дека претседателот на 72-рото заседание на Генералното собрание на ОН  ќе допатува во посета на Анкара каде што на 13 август ќе учествува на амбасадорската  конференција што годинава ќе се одржи по 10 пат.

Варма рече дека Лајчак на конференцијата ќе говори на тема системот на ОН, реформскиот процес и неговите приоритети како претседател на 72-рото заседание на Генералното собрание на ОН, а воедно напомена дека за време на оваа негова посета ќе учествува и на ручкот што ќе биде приреден од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и ќе се состане со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести