Во напад со хаубица кај Хаќќари на турско-ирачката граница загина еден турски војник

Во реализиран напад со хаубица од ирачка страна на границата од страна на терористи на ПКК кај градот Хаќќари во близина на турско-ирачката граница, беа ранети 6 турски војници од кои еден војник го загуби животот

Во напад со хаубица кај Хаќќари на турско-ирачката граница загина еден турски војник

Во реализиран напад од страна на терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кај градот Хаќќари животот го загуби еден турски војник.

Во објавеното соопштение од губернијата на Хаќќари се истакнува дека во реализиран напад со хаубица од ирачка страна на границата од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на областа на воената база на Ѓувен Даги беа ранети 6 мина војници од кои еден војник и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и почина. 

Во соопштението се вели дека судската истрага во врска со прашањето продолжува и дека е започната операција во областа против терористите од чија страна е реализиран нападот.



Слични вести