МНР на Турција: САД не треба веќе да одолговлекуваат по прашањето на ФЕТО/ПДЈ

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој рече: „На одржаниот состанок помеѓу Турција и САД на 13 јули потцртавме дека САД веќе не треба да одолговлекуваат по прашањето на ФЕТО/ПДЈ“.

МНР на Турција: САД не треба веќе да одолговлекуваат по прашањето на ФЕТО/ПДЈ

Турција истакна дека веќе не прифаќа одолговлекување од САД по прашањето на терористичкиот водач на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој рече: „На одржаниот состанок помеѓу Турција и САД на 13 јули потцртавме дека САД веќе не треба да одолговлекуваат по прашањето на ФЕТО/ПДЈ“.

Во врска со повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за пуштање на слобода на свештеникот Крег Брансон пак, Аксој рече: „Постои правен процес и Турција е правна држава.“

Портпаролот Хами Аксој во врска со присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД во подрачјето на Менбич во Сирија пак го рече следното: „Потврдено е дека ПЈД е повлечена од подрачјето на патролирање во Менбич. Продолжува фазата на планирање и имплементација на патната карта за Менбич. Цел на патната карта за Менбич е да се стави крај на ПЈД/ЈПГ .“

Во врска со нападите на чија цел се наоѓа областа за намалување на затегнатоста на југот на Сирија, портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој го подвлече следното: „Остро ги осудуваме и проколнуваме нападите на Асадовиот режим во Сирија. Апсолутно не сакаме сценариото кое што се доживеа во Источна Гута, на северот на Хомс и сега се доживува во југозападниот дел на Сирија да се повтори и во Идлиб.“



Слични вести