МИТ го донесе од Украина Јусуф Инан, еден од експертите на ФЕТО за социјални медиуми

Националната разузнавачка служба (МИТ) го донесе од Украина и Јусуф Инан, бегалецот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и еден од експертите за социјални медиуми кој по обидот за преврат на 15 јули 2016 година избега во странство

МИТ го донесе од Украина Јусуф Инан, еден од експертите на ФЕТО за социјални медиуми

Националната разузнавачка служба (МИТ) од Украина го донесе во Турција и Јусуф Инан, бегалец на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО еден од експертите за социјални медиуми кој по обидот за преврат на 15 јули 2016 година избега во странство. 

Јусуф Инан кој пред обидот за преврат преку интернет страниците кои што ги формира и сметките на социјалните мрежи водеше перцепциски операции, како што се дознава по директиви на терористичкиот водач на ФЕТО емитувал емисии за дискредитација на значајни турски политички личности и државни раководители.

По бегалецот на ФЕТО Јусуф Инан кој под различни имиња водел активности особено во Измир, со одлука на Мировниот кривичен суд број 2 во Измир се трагаше поради извршено кривично дело „членување во вооружена терористичка организација“.

Инаку, Националната разузнавачка служба (МИТ) во четвртокот од Азербејџан и Украина донесе во Турција уште двајца високо рангирани терористи на ФЕТО



Слични вести