Ердоган во Брисел се состана со Макрон

Претседателот Р. Т. Ердоган продолжува да остварува низа билатерални средби и на вториот ден на маргините на Самитот на НАТО во Брисел каде што се состана со францускиот претседател Емануел Макрон

Ердоган во Брисел се состана со Макрон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на маргините на Самитот на НАТО во белгискиот главен град Брисел се состана со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот Ердоган продолжува да остварува низа билатерални средби и на вториот ден на Самитот на Алијансата.

Во тие рамки Ердоган имаше средба со својот француски колега Макрон.

Средбата траеше приближно 1 час и 15 минути, а присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на маргините на Самитот на НАТО во Брисел вчера оствари средба и со германската канцеларка Ангела Меркел.



Слични вести