Турција нема да дозволи турскиот народ на Кипар да биде жртва на нерешеното кипарско прашање

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган отпатува во посета на Турската Република Северен Кипар на средба со претседателот Мустафа Акинџи

Турција нема да дозволи турскиот народ на Кипар да биде жртва на нерешеното кипарско прашање

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган отпатува во посета на Турската Република Северен Кипар.

После средбата со претседателот Мустафа Акинџи на работен ручек, претседателите Ердоган и Акинџи приредија конференција за медијумите.

Ердоган во оваа прилика рече: 

„Турција нема да дозволи турскиот народ на Кипар да биде жртва на нерешеното кипарско прашање.Исто така нема да дозволиме кипарските Турци да бидат малцинство во Кипарско грчка држава.“

Ердоган потсети дека Турција обезбеди водоснабдување на Кипар,најгорлив проблем на населението на островот досега, и на тој начин островот доби уште поголемо стратегиско значење воедно стана економски посилен.

„Во следниот период Турската Република Северен Кипар ќе се претвори во привлечен центар во Средоземното море, така да двојно ќе се зголеми доходот по глава на жител.“

Претседателот Ердоган додаде дека во разговорот со ценетиот претседател Акинџи станало збор за низа актуелни билатерални и регионални прашања, со посебен аклцент на кипарското прашање и додаде:

„Кипар е нашата кауза, а наша цел е изнаоѓање праведно и трајно решение за кипарскоит проблем.“

„Турција во последните 50 години направи се за да се реши кипарското прашање, но и покрај сите наши напори не  дојде до конечко решение, така да неуспешно заврши и последната конференција за Кипар што се одржа точно пред една година.Причината за тоа е некомпромисниот став на грчката страна,која себеси се гледа како единствен сопственик на островот.Грчката страна не сака да воспостави политичко партнерство со турската на база на еднаквост и да ја сподели политичката сила на островот со Турците.За жал и покрај тоа што помина една година од последната конференција за Кипар не гледаме позитивни промени кај грчката страна.“ истакна претседателот Ердоган.

 

 

 



Слични вести