Турските вооружени сили уништија 28 цели на северот на Ирак

Во операцијата успешно беа уништени терористичките цели кои се употребуваа како засолништа и складишта

Турските вооружени сили уништија 28 цели на северот на Ирак

Во рамките на воздушната операција на Турските вооружени сили на северот на Ирак беа уништени 28 цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот беше истакнато дека вчера авионите на Турските вооружени сили извршија воздушна операција на подрачјата Метина, Зап, Авашин-Басјан, Хакурк, Гара и Кандил на северот на Ирак.

Во операцијата успешно беа уништени терористичките цели кои се употребуваа како засолништа и складишта.

Во соопштението беше подвлечено дека решително ќе продолжи борбата против тероризмот.

Од друга страна пак во рамките на заедничката операција на силите на полицијата и жандармеријата во Османије беа неутрализирани 11 терористи, во Дијарбакир 3, во Ширнак 4, вкупно 18 терористи.

Во соопштението кое беше објавено од страна на министерството за внатрешни работи беше истакнато дека и натаму продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести