Денешниот Самит на НАТО во Брисел ќе биде сцена на низа новини

Поранешниот началник на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар првпат ќе учествува на еден меѓународен самит во својство на министер за одбрана

Денешниот Самит на НАТО во Брисел ќе биде сцена на низа новини

Денешниот Самит на НАТО во Брисел ќе биде сцена на низа новини.

Самитот на НАТО на ниво на шефови на држави и премиери кој ќе продолжи и утре првпат ќе се одржи во новото седиште на НАТО.

Самитот ќе започне со аеромитинг на 20 воени хеликоптери меѓу кои ќе има и турски хеликоптери.

Првиот претседател на новиот претседателски систем на управување на Турција Реџеп Тајип Ердоган по формирањето на владата првпат учествува на еден меѓународен самит.

Некои имиња во новиот кабинет на претседателот Ердоган првпат ќе учествуваат на самитот.

Поранешниот началник на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар првпат ќе учествува на еден меѓународен самит во својство на министер за одбрана.

Берат Албајрак на самитот првпат ќе учествува во својство на Министерот за трезор финансии.

Претседателот Ердоган на Самитот ќе оствари билатерални средби со американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Меј како и низа други лидери на земјите членки на НАТО.

На средбите се очекува да се разменат мислења во врска со поддршката на ЈПГ сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од страна на некои земји членки на НАТО како и воздушно одбранбениот систем С-400 што го купи Турција од Русија.

Од друга страна пак претседателот Ердоган се очекува да се состане и со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани.



Слични вести