Зошто победи Ердоган ?

Портпаролот на Претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин напиша осврт со наслов „Зошто победи Ердоган?“ објавен во весникот „Дејли Сабах“ (Daily Sabah) на 26.06.2018.

Зошто победи Ердоган ?

 Портпаролот на Претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин напиша осврт со наслов „Зошто победи Ердоган?“ објавен во весникот „Дејли Сабах“ (Daily Sabah) на 26.06.2018 кој го пренесуваме во целост.

Зошто победи Ердоган ?

Потсетувајќи дека излезноста на турските гласачи на претседателските и парламентарни избори на 24 јуни беше над 80 отсто, Калин  вели дека претседателот Ердоган, освојувајќи 52,5 отсто од гласовите, повторно е избран за претседател на државата.

Калин истакна дека Партијата за правда и развој (АК Партија) под водство на Ердоган, кој освои 10 милиони гласа повеќе од својот противкандидат на изборите, освојувајќи 42,5 отсто од гласовите повторно е на власт. Калин пишува дека Сојузот Џумхур формиран од АК Партија и Партијата на национално движење (MHP) освоила апсолутно мнозинство.

„Резултатите на изборите покажуваат дека продолжува довербата на луѓето кон Ердоган и неговата партија. Исто толку е важна и поддршката за новиот претседателски систем. Ердоган на овој начин стана првиот претседател на новиот систем. Со ефективната кампања која ја водеше за време на изборниот натпревар, успеа да ја продолжи својата популарност меѓу народот. И покрај тоа што опозициските партии освоија гласови во одредена мера, не успееја да се спротивстават на силното влијание на Ердоган врз турската политика“, додаде Калин.

Според Калин, меѓу Ердоган, кој во период од 16 години беше победник на 13 избори и на 1 референдум, и неговиот најблизок противник постои разлика од 20 отсто. „Денес не постои друга фигура меѓу политичарите, која постигнала ваков успех. Покрај политичката генијалност на Ердоган, ова раскажува многу нешта за социополитичките вистини на Турција за кои голем број странски набљудувачи имаат тешкотии во разбирањето“, напиша Калин во неговиот напис.

Калин нагласи дека Ердоган и неговата партија, со активностите кои ги спроведуваат од 2002 година досега, успеаја да ја заштитат својата политичка популарност.

„Поголемиот број на гласачите го поздравуваат лидерството на Ердоган и велат дека тој успешно ги решава проблемите во економијата на Турција, создава еден помоќен и посеопфатен политички систем, како и тоа дека им овозможува на лицата кои доаѓаат од различни заедници подобро да се изразат себеси во политиката и економијата и им овозможува на повеќе начини да ги искористат можностите овозможени од општествените движења“, додаде тој.

Калин  вели дека тајната на успехот на Ердоган не е само во политиката на пружање услуги. „Тој го отвори патот на застапеност на различните идентитети во политиката и економијата во земјата. Им овозможи на побожните, на Курдите, Алевитите, како и на немуслиманските малцинства, како Православните, Евреите, Ерменците и Асирците, да се изразат себеси“, нагласи портпаролот на Турското претседателство.

Калин својот текст го продолжи со следните зборови:

„Отстранета е забраната за употреба на курдскиот јазик. И тие, како и останатите етнички заедници, можат да се изразуваат послободно. Благодарение на општествените активности, се здобија со придобивки. Претседателот Ердоган и во своите редови отстапи место за голем број турски државјани кои по потекло се Курди. Правејќи ја разликата меѓу ПКК и турските државјани со курдско потекло, ѝ покажа на курдската популација дека вистинската цел на ПКК не е решавање на нивните проблеми, туку создавање простор за продолжување на своето постоење и на тон начин ги спаси од притисоците на оваа терористичка организација.“

Калин наведува дека Ердоган во надворешната политика ги проширил  ставовите на Турција кон меѓународната сцена, доспевајќи до подрачјата како што се Африка, Азија и Латинска Америка.

„Не гледаше на надворешната политика како на игра во која едни добиваат, а други губат. Членството во НАТО и кандидатурата за членство во ЕУ не се во спротивност со одговорноста кон останатите делови од светот. Во хаотичниот свет надвор од сопствените граници, Турција има потреба од приказ на својата надворешна политика од 360 степени за своите национални интереси. Напорите кои Турција ги вложува за помош на угнетуваните народи во светот одекна кај светската јавност и ја собра поддршката на стотици милиони лица во светот. Повикот на Ердоган за правда во светот преку слоганот „Светот е поголем од 5“, можеби вознемири одредени центри на моќ, но во моментов упатува кон еден од главните проблеми во глобалниот поредок. Како крај, воопшто не е за чудење што изборната победа на Ердоган се прославува во Палестина, Сомалија, Мјанмар, Авганистан, Пакистан, Централна Азија, на Балканот и на голем број други места во светот“, пишува Калин во својата статија.

Калин вели дека во моментов единствен начин на спроведување на политичката моќ во Турција е победа на изборите. 

„Претседателот ја презеде таа тешка должност и победи. Опозициските партии треба повеќе да работат надвор од просторот на сопствениот партиски комодитет и треба повнимателно да ги ислушаат турските избирачи“, пишува Калин.

Калин во својата статија вели дека опозициските партии треба да започнат да ја преземаат одговорноста за сопствените недостатоци, истакнувајќи дека во изминатите 16 години Ердоган поттикна цивилна контрола врз Армијата и ги ослабна оние што се гледаат како чувари на турската држава.

„Некои западни медиуми, наместо да ги пишуваат фактите, се однесуваат како политички активисти кои ги охрабруваат опозициските кандидати. Со ваквиот пристап западните медиуми се обидоа на своите читатели и гледачи да им дадат погрешни правци, но тоа беше напразно. Од друга страна, тоа го доведе во прашање нивниот кредибилитет. Тие продолжија да бидат неуспешни по прашањето на разбирањето на турската социјална и политичка динамика. Овие избори станаа уште една лекција за нив“, оцени Калин во својата статија.

Ибрахим Калин во својот текст напиша дека некои странски набљудувачи не можеле да ја видат победата на Ердоган, бидејќи им верувале на погрешни извори на информации. Тој додава дека некои лица кои самите се прогласиле како експерти за Турција, всушност немаат основни познавања за да изработат сериозна анализа.

„Претседателските и парламентарни избори на 24 јуни не се однесуваат само на Ердоган, туку и на опозицијата. Резултатите се сосема очигледни. Турција со претседателскиот систем влегува во нов период. Турција продолжува да биде остров на стабилност и просперитет во еден проблематичен регион“, наведе Калин во својата статија.

 



Слични вести