Уште еднаш потврдена хуманитарната дипломатска сила на Турција

МНР на Турција објави писмено соопштение во врска со извештајот „Глобална хуманитарна помош 2018“ кој што беше објавен вчера а во кој Турција зазеде место како земја која минатата (2017) година додели најголема хуманитарна помош во светот

Уште еднаш потврдена хуманитарната дипломатска сила на Турција

Уште еднаш потврдена хуманитарната дипломатска сила на Турција.

Турското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во врска со извештајот „Глобална хуманитарна помош 2018“ кој што беше објавен вчера а во кој Турција зазеде место како земја која минатата (2017) година додели најголема хуманитарна помош во светот. 

Во соопштението на МНР се вели следното: „Со извештајот за кој што станува збор уште еднаш во глобални димензии е потврдена хуманитарната дипломатска сила што ја води Турција беа притоа да прави никаква разлика.“

Министерството потсети дека вчера беше објавен извештајот „Глобална хуманитарна помош 2018“ подготвен од страна на програмата за Глобална хуманитарна помош во склопот на организацијата Development Initiatives со седиште во Велика Британија.

Во соопштението се истакнува дека во извештајот кој содржи глобални податоци за 2017 година се вели следното: „Турција со доделена хуманитарна помош во износ од 8,07 милијарди долари го зазеде првото место.“

По Турција следуваат САД (6,68 милијарди долари), Германија (2,99 милијарди долари), Обединетото Кралство (2,52 милијарди долари) и Европската унија (2,24 милијарди долари).

 



Слични вести