Турција, земја која во 2017 година додели најголема хуманитарна помош во светот

Турција во 2017 година додели хуманитарна помош во износ од 8,07 милијарди долари, односно речиси 1 отсто од сопствениот бруто домашен производ (БДП) со што стана земја со доделена најголема хуманитарна помош во светот

Турција, земја која во 2017 година додели најголема хуманитарна помош во светот

Турција стана земја која минатата (2017) година додели најголема хуманитарна помош во светот.

Според извештајот на Организацијата за развојни иницијативи со седиште во Велика Британија „Глобална хуманитарна помош 2018“ од чија страна се објавува картата на хуманитарната помош која што се доделува секоја година во светот, Турција со доделена помош од 8,07 милијарди долари минатата (2017) година се искачи на позиција на „земја која додели најголема хуманитарна помош“.

По Турција на второ место се САД со доделена хуманитарна помош од 6,68 милијарди долари, на трето Германија 2,99 милијарди долари и на четврто Велика Британија со 2,52 милијарди долари, додека институциите на Европската унија (ЕУ) со помош од 2,25 милијарди долари се наоѓаат на петтото место.

Турција во 2017 година додели хуманитарна помош во износ од речиси 1 отсто од сопствениот бруто домашен производ (БДП).

Инаку, бруто домашниот производ (БДП) на Турција во 2017 година изнесуваше околу 850 милијарди долари, во САД 19 билиони долари, во Германија 3,8 билиони долари и во Велика Британија, 2,6 билиони долари.

Освен тоа Турција се наоѓа на првото место и според доделената хуманитарна помош на основа на нејзиниот бруто домашен производ и тоа со 0,85 насто, а по неја следуваат Норвешка и Луксембург кај кои овој процент изнесува 0,17 насто. На оваа листа САД се наоѓаат на 19-сетото место со процент од 0,04 насто.

Инаку, Турција и во извештаите за глобална хуманитарна помош за 2013, 2014 и 2015 година три пати по ред стана трета земја која додели најголема хуманитарна помош, а во последните две години беше втора рангирана земја.

 



Слични вести