Турците во странство со рекордна излезеност на гласањето за изборите на 24 јуни

Од вкупно 3 милиони 47 илјади 323 гласачи регистрирани во списокот на гласачи во странство за претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат во земјава на 24 јуни, во недела, гласаа 1 милион 486 илјади 408 гласачи и е постигнат рекорд

Турците во странство со рекордна излезеност на гласањето за изборите на 24 јуни

За претседателските и општите избори за избор на пратеници за 27-от состав на собранието кои ќе се одржат во земјава на 24 јуни, во недела, на гласањето во странство гласаа 1 милион 486 илјади 408 турски државјани со право на глас, со што е постигнат рекорд во процентот на излезеност.

По завршувањето на чинот на гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Турција Високата изборна комисија (ЈСК) ги соопшти податоците во врска со гласањето во странство, во дипломатско-конзуларните претставништва и на граничните премини досега (гласањето на граничните премини ќе трае до 24 јуни). 

Предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција ќе се одржат на 24 јуни во недела, додека турските државјани со престој во странство и регистрирани во списокот на гласачи во странство од 7 јуни гласаа во гласачките кутии поставени во 60 земји и 123 дипломатско-конзуларни претставништва на земјава.

Според податоците, од вкупно 3 милиони 47 илјади 323 гласачи регистрирани во списокот на гласачи во странство за претседателските и општите избори за избор на пратеници за 27-от состав на собранието кои ќе се одржат во земјава на 24 јуни, во недела, гласаа 1 милион 486 илјади 408 гласачи и е постигнат рекорд.

Процентот на гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и граничните премини досега достигна до 48,78 насто.

Турските државјани со престој во странство гласаа во 60 земји и 123 дипломатско-конзуларни претставништва на земјава. 1 милион 357 илјади 676 турски гласачи гласаа во дипломатско-конзуларните претставништва, а 128 илјади 732 гласачи својот глас го дадоа на поставените гласачки кутии на граничните премини.

Турските државјани регистрирани во списокот на гласачи во странство на граничните премини ќе можат да гласаат до 24 јуни во недела до 17:00 часот според турско време.

Инаку, со заедно со реализираната законска измена во 2012 година на турските државјани се престој во странство им беше обезбедена можност да можат да гласаат на изборите и во тие рамки турските гласачи регистрирани во списокот на гласачи во странство за прва пат гласаа на одржаните претседателски избори на 10 август 2014 година.

За претседателските и општите избори за 27-от состав на собранието кои ќе се одржат на 24 јуни, во недела, е согледан висок процент на излезеност на турските државјани регистрирани во списокот на гласачи во странство особено во Белгија и Швајцарија.

Според податоците, во Белгија каде што се регистрирани 142 илјади 463 турски гласачи со право на глас гласаа 82 илјади 423 гласачи и е евидентиран висок процент на одзив од 57,86 насто.

Во Швајцарија од вкупно регистрирани 98 илјади 929 гласачи гласаа 56 илјади 96 турски гласачи и во оваа земја е регистриран процент на одзив од 57,86 насто.

Во Германија пак каде што се регистрирани најголем број турски државјани со право на глас, односно 1 милион 443 илјади 585 гласачи, гласаа 717 илјади 992 гласачи, односно 49,74 насто.

Во Франција каде што по Германија се регистрирани најголем број турски државјани со право на глас, односно 340 илјади 751 гласач со 170 илјади 901 гласач процентот на одзив изнесува 50,15 насто.

Податоците покажуваат дека во Холандија каде се регистрирани 260 илјади 264 турски гласачи гласаа 130 илјади 383 гласачи и дека процентот на излезеност во оваа земја изнесува 50,1 насто.

Во Австрија со регистрирани вкупно 106 илјади 657 турски гласачи гласаа 55 илјади 273 гласачи, односно 51,82 насто.

Во Обединетото Кралство каде има регистрирано вкупно 99 илјади 250 турски гласачи гласаа 47 илјадуи 517 гласачи и е постигнат одзив од 47,88 насто. 

Во Европа најуочливи бројки беа евидентирани во Луксембург каде што и покрај тоа што се регистрирани 778 турски гласачи со право на збор гласаа дури 10 илјади 240 гласачи со што процентот на гласаче во оваа достигна до дури 1.316 насто. Овој волку висок процент на одзив се должеше на тоа што во Луксембург дојдоа да гласаат и турски државјани регистрирани во списокот на гласачи во странство и од соседните земји Германија, Франција и Белгија.

Процентот на одзив на гласањето во САД пак каде што се регистрирани вкупно 106 илјади 301 турски гласач гласаа само 37 илјади 75 гласачи и изразено во проценти овдешниот одзив изнесуваше 34,88 насто.



Слични вести