Јилдирим ги прими турските гимназијалки кои на научен натпревар го освоија првото место во Европа

Премиерот Бинали Јилдирим ги прими двете турски гимназијалки Лејла Алмасоуд и Берна Акдениз кои на научниот натпревар „SciChallenge“ поддржан од ЕУ со проектот по биологија по име „Плаши се од доцнење, а не од ракот“ го освоија првото место во Европа

Јилдирим ги прими турските гимназијалки кои на научен натпревар го освоија првото место во Европа

Премиерот Бинали Јилдирим во градот Измир се состана со двете турски ученички гимназијалки Лејла Алмасоуд и Берна Акдениз кои на научниот натпревар  „SciChallenge“ поддржан од страна на Европската унија (ЕУ) со проектот по биологија по име „Плаши се од доцнење, а не од ракот“ го освоија првото место во Европа оставајќи ги зад себе своите врснички од 28 земји и 438 проекти.

Премиерот Јилдирим заедно со двете турски гимназијалки ги прими и нивните семејства.

Бинали Јилдирим истакна дека успехот на двете ученички гимназијалки Лејла и Берна беа повод за гордост кај Турција.

Честитајќи им на ученичките, нивните наставници и семејствата по повод овој нивен успех, премиерот Бинали Јилдирим го подвлече следното: „Годишно од рак животот го губат приближно 13 милиони лица. Меѓутоа раната дијагноза спасува живот. Тоа пак става до знаење дека работата што ја правите е мошне значајна.“

 



Слични вести