Генерал на армија Хулуси Акар водеше телефонски разговор со комантантот на НАТО за Европа Скапароти

Двајцата генерали во телефонскиот разговор разговараа за прашањето за имплементација на патната карта во Менбич во Сирија

Генерал на армија Хулуси Акар водеше телефонски разговор со комантантот на НАТО за Европа Скапароти

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар оствари телефонски разговор со американскиот командант на европските сили и оперативните сојузнички сили на НАТО генерал Куртис Скапароти.

Двајцата генерали во телефонскиот разговор разговараа за прашањето за имплементација на патната карта во Менбич во Сирија.

Во објавеното писмено соопштение од Генералштабот се истакнува дека генерал на армија Хулуси Акар вчера оствари телефонски разговор со американскиот генерал Куртис Скапароти со кого разменија мислења по прашањето на актуелната безбедносна состојба во северниот дел на Сирија и имплементацијата на безбедносните принципи кои што беа утврдени во правец на патната карта на Менбич за која што претходно беше постигната согласност помеѓу Турција и САД.

Инаку, по утврдувањето на патната карта за Менбич која што ќе се следи од страна на Турција и САД е постигнат договор во однос на „имплементацијата на планот“ и помеѓу воените функционери на двете земји.

Текстот на постигнатиот компромис на одржаниот состанок во 12 и 13 јуни во штабот на европската команда на САД во Штутгарт ќе биде доставен до надлежните органи на двете земји.



Слични вести