Чавушоглу престојува во официјална посета на Кина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Пекинг ќе биде примен кај кинескиот потпретседател Ванг Кишан, а потоа ќе има средба и со својот колега министерот за надворешни работи Ванг Ји

Чавушоглу престојува во официјална посета на Кина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во официјална посета на Кина.

Чавушоглу во рамките на својата дводневна посета  најпрвин го посети центарот за истражување и развој на кинескиот технолошки гигант Хуавеи.

Чавушоглу во технолошкиот центар на Хуавеи во Пекинг од страна на надлежните на компанијата беше информиран во однос на различни технолошки решенија, како и за умните и безбедни градски апликации.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Пекинг утре најпрвин ќе биде примен кај потпретседателот на Народна Република Кина Ванг Кишан, а потоа ќе има средба со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји со кого потоа ќе одржат и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Чавушоглу за време на оваа своја дводневна посета ќе оствари средби и со претставниците на кинескиот деловен свет и ќе ги информира за можностите за инвестирање во Турција.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се планира да се состане и со претставниците на кинескиот медиуми и да одговара на прашањата на новинарите.

 



Слични вести