Мустафа Акинџи: ТАНАП претставува добар пример на тековната соработка во оваа епоха

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи истакна дека проектот Трансанадолски гасовод (ТАНАП) претставува добар пример на тековната соработка во оваа епоха

Мустафа Акинџи: ТАНАП претставува добар пример на тековната соработка во оваа епоха

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи во говорот што го одржа по повод церемонијата на свечено ставање во употреба на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) во градот Ескишехир истакна дека овој проект претставува добар пример на тековната соработка во оваа епоха.

Акинџи напомена дека Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) кој ќе го сочинува ’рбетот на Синиот тек и Турскиот тек од Црното Море и на Јужниот кавкаски гасовод и Трансјадранскиот гасовод претставува проект со висок капацитет и потенцијал кој што нуди значајни можности за Турција и регионалните земји.

Потсетувајќи дека се утврдени значајни резерви на прирордни извори и во Источниот Медитеран, Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи рече: „Претставува значајна одговорност овие резерви со заеднички ум да се искористат првенствено во корист на регионалните народи, а потоа и на целото човештво.“

 



Слични вести