Министерот Албајрак: ТАНАП е проект на стабилноста, силното лидерство и визијата

Министерот Албајрак истакна дека проектот на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) е инвестиција во братството и подвлече дека овој проект е значаен од аспект на денешната регионална енергетска историја

Министерот Албајрак: ТАНАП е проект на стабилноста, силното лидерство и визијата

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак говореше на церемонијата на свечено ставање во употреба на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) во Компресорската и мерна станица во Ескишехир првата точка од каде што ќе започне дистрибуцијата на гасот.

Министерот Албајрак истакна дека проектот на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) е инвестиција во братството и подвлече дека овој проект е значаен од аспект на денешната регионална енергетска историја.

Велејќи дека воспоставената регионална соработка меѓу Турција, Азербејџан и Грузија достигна до новите континенти и се преобрази во глобална соработка, Албајрак нагласи дека ТАНАП е проект на стабилноста, силното лидерство и визијата. 

Берат Албајрак привлече внимание дека ТАНАП е одраз на активните енергетски политики кои што ги следат Турција и Азербејџан.

„Днеска го реализираме отворањето на едниот од најзначајните проекти на столетието кој што располага со значење и вредност многу повеќе од материјалната инвестиција. ТАНАП истовремено е инвестиција во братството. Достигнување до нови простори и нови луѓе надминувајќи ги границите на идеалот две држави еден народ. Најголемо наследство кое што вистинското пријателство и разбирањето помеѓу двете земји ќе и го остават на иднината.“

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак воедно укажа на тоа дека ТАНАП ќе обезбеди мошне голем придонес на безбедноста на снабдувањето со енергија на Турција и на сите земји до кои ќе достигне и додаде дека ќе ја зацврсти и позицијата на Турција како клучна земја во енергијата.



Слични вести