Омер Челик: Доделувањето на право на азил на пучистите претставува најсрамна одлука за една земја

Министерот за ЕУ Омер Челик: Одлуката на грчкиот Државен совет за доделување на „право на азил“ на пучистите кои по обидот за преврат на 15 јули 2016 година на ФЕТО пребегаа во Грција претставува најсрамна одлука за една земј

Омер Челик: Доделувањето на право на азил на пучистите претставува најсрамна одлука за една земја

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик, донесената одлука за „право на азил“за пучистите кои по обидот за преврат на 15 јули 2016 година на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО пребегаа во Грција ја прокоментира со зборовите „Тоа претставува најсрамна одлука за една земја“. 

Велејќи дека тоа што Државниот совет на Грција пресуди да им се додели право на азил на пучистите кои по обидот за преврат на ФЕТО пребегаа во оваа земја претставува најсрамна одлука која што би можела да ја снајде една земја, Омер Челик рече: „Несомнено овој менталитет зазеде место против Турција, на страната на непријателите на Турција“.

Челик одлуката на судиите на грчкиот Државен суд ја прокоментира преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во својата порака го напиша следното: „Државниот суд во Грција пресудил да им се додели право на азил на пучистите кои по обидот за преврат на 15 јули пребегаа во оваа земја. Тоа претставува најсрамна одлука која што би можела да ја снајде една земја. Правниот систем на Грција како членка на Европската унија (ЕУ) донесе одлука за заштитување на терористите кои извршија обид за преврат со елиминирање на демократијата во Турција. Точката до која што е дојдено во ова бесправно правно сфаќање кое ги штити терористите против демократијата, е очајна. Несомнено овој менталитет зазеде место против Турција, на страната на непријателите на Турција.“



Слични вести