Ибрахим Калин: 70 години како продолжува израелскиот зулум во Ерусалим

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, во врска со израелскиот масакр врз Палестинците кои протестираа против пренесувањето на амбасадата на САД во Ерусалим истакна дека 70 години како продолжува израелскиот зулум во Ерусалим

Ибрахим Калин: 70 години како продолжува израелскиот зулум во Ерусалим

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, беше гостин во една програма на едно приватно радио каде што направи проценка на актуелниот дневен ред.

Калин истакна дека 70 години како продолжува израелскиот зулум во Ерусалим.

Осврнувајќи се на извршениот масакр од страна на Израел против Палестинците кои протестираа против пренесувањето на амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, Ибрахим Калин рече: „Во прашањето со Ерусалим постои 70 годишен голем зулум. Всушност тоа го гледа целиот свет. Постепено ги гледаме новите димензии. Масакрот на 14 мај премина во историјата како ’Крвав понеделник’“.

Калин напомена дека пренесувањето на амбасадата на САД во Ерусалим претставува историска грешка и продолжи со следните зборови: „Заклучно со тој ден Блискоисточната политика во врска со палестинското прашање на управата на претседателот Доналд Трамп политички и морално банкротира. Веќе не е можно американската администрација да биде независен посредувач во процесот за изнаоѓање решение со две држави. Ионака и Палестинците го изнесуваат тоа отоврено и велат ’Ние веќе не ги сметаме Американците за посредувачи, нема да имаме никаква работа со нив’“.

„Управата на Трамп вели дека неколку месеци како работи на нов Блискоисточен мировен план“, потсети Калин и истакна дека кога се прашува пак САД со никого не споделуваат никакви информации во врска со тоа.

Истакнувајќи дека на 14 мај кога дојде до настаните на екраните од една страна беа прикажувани снимките од прославите во амбасадата на САД, а од друга снимките од масакрот на луѓето на границата со Газа, Калин рече: „Тоа претставува срамна слика. Ова е срамна слика запишана во историјата на Израел, тоа е срамна слика запишана во историјата на американската управа. Тое воедно е и морален банкрот.“

Калин напомена дека привременото претседателствување на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со Организацијата за исламска соработка (ОИС) е влезено во третата година и дека во овој период беа одржани вонредни самити во врска со Ерусалим, по што рече: „Всушност во моментов Тајјип Ердоган фактички е најголемиот слуга на Ерусалим за кој што навистина му бие срцето и е лидер кој работи деноноќно.“ 

Укажувајќи на значењето од зачувување на верскиот и историскиот статус на Ерусалим, Ибрахим Калин рече: „Ако ние овде направиме најмала отстапка и покажеме најмало двоумење верувајте после 20, после 30 години нема да остане Ерусалим, нема да остане Месџид-и Акса. Тоа е толку значајно.“

Калин подвлече дека е од крајно големо значење формулата за испраќање мировни сили во Палестина за заштита на Палестинците.

„Кога ќе погледнете од аспект на Палестинците тие ионака немаат ништо. Немаат армија, немаат полиција, немаат оружје, војска, а пред нив ја има најбезмилосната армија на Блискиот исток. Ја има израелската армија опремена со американско оружје која располага со нуклеарно оружје и атомска бомба. Од 1974 година се убиени десетици илјади Палестинци, во последниот еден месе се убиени стотици Палестинци, илјадници се ранети, илјадници се наоѓаат во затвор. Ако на некое друго место на светот беше доживеана една ваква трагедија таму уште од одамна ќе беа испратени мировни сили. Меѓутоа за жал кога жртвите се Палестинци, а убијците Израелци светот работи поразлично.“ - рече портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин.

 



Слични вести