Историјата нема да и прости ниту на САД ниту пак на Израел

ОН треба веднаш да ги преземат потребните мерки на тоа поле и да ја определат насоката на овие зулуми

Историјата нема да и прости ниту на САД ниту пак на Израел

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека историјата нема да и прости ниту на САД ниту пак на Израел.

Во рамките на официјалната посета на Велика Британија, претседателот Реџеп Тајип Ердоган по средбата со премиерката Тереза Меј одржа заедничка прес конференција.

Ердоган во оваа прилика уште еднаш го проколна израелскиот масакр врз Палестинците, додека во врска со пренесувањето на седиштето на Амбасадата на САД во Ерусалим, кој настан беше повод за протестите на Палестинците рече дека тоа никогаш нема да го прифатат.

ОН треба веднаш да ги преземат потребните мерки на тоа поле и да ја определат насоката на овие зулуми, бидејќи во спротивно сите оние кои што учествуваа во усмртувањето на над 60 Палестинци, за жал уште повеќе ги охрабруваат САД.

„Историјата нема да и прости на САД. Тоа ќе имаме можност да го видиме. Додека на Израел пак воопшто нема да и прости. И Тоа ќе имаме можност да го видиме“ рече Ердоган.

САД во решавањето на спорот во регионот не е посредник, туку страна. Тоа го призна со овој последен чин, рече Ердоган и потенцираше:

Нападите во кои загинаа над 60 Палестинци, а над 2500 беа повредени се последица на оваа политика. Уште еднаш го проколнувам ова злосторство и дивјаштво. Израел овие чекори ги фрли врз основа на верувањето дека е силен, па поради тоа е во право. Не треба да се заборави дека Израел е окупаторска земја во регионот и дека продолжува да сее терор.

Ги повикувам меѓународната заедница и ОН без да губат време да ги преземат потребните активности за окончување на зулумите во Палестина, рече Ердоган.

На вонредниот Самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што ќе се одржи во петок во Истанбул на светот ќе му се упати многу силна порака.

Претседателот Ердоган во продолжение се осврна и на желбата и барањето на Турција за унапредување и зајакнување на соработката со Велика Британија во борбата против терористичките организации ПКК, ФЕТО и другите како и екстрадицијата на приврзаниците на истите.

Списокот на имињата на терористите на ФЕТО и ПКК го предадов на британската премиерка, рече Ердоган потенцирајќи дека наведените терористи треба да се екстрадираат за да ја продолжиме борбата против тероризмот.

Ердоган рече дека во најскоро време ја очекуваат британската премиерка во посета на Турција.

Британската премиерка Тереза Меј на пес конференцијата упати повик до Израел да прекине со насилствата врз Палестинците потенцирајќи дека во врска со случувањата во Газа треба да се изврши независна и транспарентна истрага.

Меј изрази почит кон великодушноста на Турција поради приемот на над 3,5 милиони бегалци од Сирија.



Слични вести