Премиерот Јилдирим објасни во Шпанија зошто Турција ги купи руските ракетни системи С-400

Премиерот Биналио Јилдирим кој пшрестојува во посета на Шпанија одговори на критиките во врска со купувањето на системите за противвоздушна одбрана S-400 (С-400) од Русија и на тоа што овие системи не се компатибилни со системите на НАТО

Премиерот Јилдирим објасни во Шпанија зошто Турција ги купи руските ракетни системи С-400

Премиерот Буинали Јилдирим стави точка на дискусиите по прашањето на системите за противвоздушна одбрана S-400 (С-400) кои што Турција која инаку е земја членка на НАТО ги купи од Русија.

Јилдирим во рамките на својата посета на Шпанија одржа конференција за шпанските новинари при што на едно поставено прашање за критиките во врска со купувањето на системите за противвоздушна одбрана S-400 (С-400) од Русија и тоа што овие системи не се компатибилни со системите на НАТО, рече: „Зарем Грција не е членка на НАТО, и таа има руски ракети. Дали ова прашање и беше поставено и нејзе? И овде постои двоен стандард. Грција има руски ракети, дали го знаевте тоа?“

Нагласувајќи дека Турција сака да купи оружје од земјите членки на НАТО, но дека не беше одговорено на ова нејзино барање, Јилдирим рече: „Ние не можевме овие видови орудуја да ги купиме со пари, меѓутоа имаме пријатели кои им даваат оружје бесплатно на терористите во Сирија. Никој не може да ја обвинува Турција по однос на ова прашање.“

Јилдирим нагласи дека никој нема право да ја критикува Турција поради тоа што ги купи системите за противвоздушна одбрана S-400 (С-400) од Русија.

„Турција расополага со сила да ја преземе секој вид мерка за да ја стави под гаранција својата национална безбедност. Така и ние го направивме тоа. Тоа нема да му наштети на НАТО.“ - рече премиерот Бинали Јилдирим. 



Слични вести