На претстојните претседателски и парламентарни избори ќе учествуваат 10 партии

АК партијата, Партијата за национално движење, Демократската партија на народите (ХДП) и Партијата „ИЈИ“ имаат свои пратенички групи во Собранието

На претстојните претседателски и парламентарни избори ќе учествуваат 10 партии

На претстојните претседателски и парламентарни избори во Турција закажани за 24 јуни ќе учествуваат кандидатите на политички 10 партии.

Гласањето ќе започне во 08,00 часот наутро, а ќе заврши во 17.00 часот.

Одлуката на Високиот изборен совет (ЈСК) во врска со претседателските и пратеничките избори за 27-от период на Собранието беше објавена во повторениот број на Службениот весник.

Според одлуката, на изборите ќе можат да учествуваат сите партии кои најмалку шест месеци пред утврдениот датум за одржување на изборите 24 јуни 2018 ги оформиле организационите единици и одржале конгрес на партијата.

Според одлуката на Високиот изборен совет, на изборите ќе можат да учествуваат Партијата за правда и развој (АК Партија), Независната партија на Турција (БТП), Партијата за Големo единство (ББП), Републиканската народна партија (ЏХП), Демократската партија, Демократската партија на народите (ХДП), Партијата „ИЈИ“, Партијата за национално движење (МХП), Партијата на благосостојба и Татковинската партија.

Во одлуката на изборниот совет беше наведена дека АК партијата, Партијата за национално движење, Демократската партија на народите (ХДП) и Партијата „ИЈИ“ имаат свои пратенички групи во Собранието.

Од друга страна пак, гласањето на изборите ќе започне во 08.00, а ќе заврши во 17.00 часот, беше истакнато во одлуката на Високиот изборен совет.



Слични вести