Собранието на Турција го усвои предлогот за одржување на изборите на 24 јуни 2018

Предлогот за одржување на предвремените пртетседателски и парламентарни избори на 24 јуни 2018 година поднесен од страна на Партијата за правда и развој (АК Партија) и Партијата за националистичко движење (МХП) беше усвоен со 386 гласа „за“

Собранието на Турција го усвои предлогот за одржување на изборите на 24 јуни 2018

На пленарната седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) усвоен и озаконет предлогот за одржување на предвремените пртетседателски и парламентарни избори на 24 јуни 2018 година.

Предлогот поднесен од страна на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) и опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) беше усвоен со 386 гласа „за“.

Заедничкиот поднесен предлог на двете партии (АК Партијата и МХП) вчера беше усвоен во Уставната комисија во Собранието.  

 

 



Слични вести