Јилдирим: Симнато грчкото знаме на гребенот Хуршид кај Дидим-Ајдин во Егејско Море

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека е симнато грчкото знаме кое што во петокот беше поставено на гребенот Хуршид (Антрофотос) во близина на месноста Дидим кај градот Ајдин во Егејското Море

Јилдирим: Симнато грчкото знаме на гребенот Хуршид кај Дидим-Ајдин во Егејско Море

Премиерот Бинали Јилдирим во Истанбул учествуваше на панелот на тема „Претседателскиот систем на управување една година после референдумот“ по што одговараше на прашањата на новинарите.

Јилдирим истакна дека е симнато грчкото знаме кое што во петокот беше поставено на гребенот Хуршид во близина на месноста Дидим кај градот Ајдин во Егејското Море. 

Упатувајќи повик до Грција, премиерот Бинали Јидирим рече: „Познато е дека нашиот сосед Грција повремено презема некои активности во правец на зголемување на затегнатоста во Егејското Море. Во послендо време се уочува пораст во овие прекршувања. Во Егејското Море постојат гребени за кои што не е точно утврдено на кого му припаѓаат (со неопределен статус). Согледуваме дека кон нив има слични иницијативи како кон гребенот Кардак (во 1996 година). Дојде до обид за поставување на грчко знаме на гребенот Хуршид (Антрофотос) во близина на Дидим. Нашите екипи за крајбрежна стража интервенираа и го симнаа тоа знаме од тој гребен.“  

„Нашата препорака до Грција е во склопот на добрососедските односи да стои далеку од провокации кои би ја зголемиле затегнатоста и да делува согласно соседското право. Очекуваме никој да не помисли дека би направиле остапка од суверените права на нашата земја. Ние сме одлучни да го дадеме потребниот одговор пред иницијативите кои ќе бдиат преземени во таа насока.“ - подвлече премиерот Бинали Јилдирим.



Слични вести