Апел од претседателот Ердоган до светот да се постават темелите на новиот мир

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган апелираше до светот да се постават темелите на новиот мир

Апел од претседателот Ердоган до светот да се постават темелите на новиот мир

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Глобалниот конгрес за претприемништво во Истанбул и во оваа пригода апелираше до светот да се постават темелите на новиот мир.

Ставајќи акцент на цивилните загуби во Сирија, Ердоган рече „Ние велиме дојдете да ги поставиме темелите на новиот мир во светот“ и апелираше до земјите кои со бомбардирања и напади со барел бомби стануваат причина за човечки загуби во Сирија.

Претседателот Ердоган напомена дека земјите кои стануваат причина за цивилни загуби во секоја прилика говорат за мир и ги повика светските лидери да бидат чесни и искрени.

Правејќи проценка и на реализираната операција под водство на САД против режимот на Бешар Асад од чија страна беше употребено хемиско оружје во Сирија, Ердоган рече: „Велат само едно, го погодивме затоа што употреби хемиско оружје. Да се остават настрана загинатите со конвенционално оружје, да се гледа само на убиените со хемиско оружје. Зарем може да има таква правда.“

Претседателот Ердоган напомена дека Турција за бегалците досега потроши 31 милијарда долари и потсети дека ЕУ и вети на Турција 6 милијарди евра за потребите на бегалците меѓутоа не го одржа ова свое ветување.

„Не оставивме никого на милост и немилост на тираните или да се удават во морињата, ја отворивме нашата врата за сите. Никако не отстапивме од овој наш хуман и човечки став. Со одлучност застанавме против терористичките организации кои беа и стануваат причина за бегалците кои доаѓаат во нашата земја и кои се извор на заканите против нашата земја.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести