По повлекувањето на ПКК/ЈПГ, безбедноста ќе биде обезбедена од турските и американските војници

ЈПГ во никој случај не може да заземе никакво место во новата структура

По повлекувањето на ПКК/ЈПГ, безбедноста ќе биде обезбедена од турските и американските војници

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече:

„По повлекувањето на сириската фракција ЈПГ на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од Мунбич, безбедноста ќе биде обезбедена од турските и американските војници“.

Во рамките на посетата на Москва, министерот Чавушоглу рече дека состојбата во Мунбуч ќе се разјасни по средбата со американскиот колега на 19 март во Вашингтон.

„Основен принцип според кој ќе се раководиме треба да биде како ќе се воспостави стабилноста во подрачјата кои се наоѓаат под контрола на ЈПГ и од чија страна ќе се раководи. Тоа треба да се уреди согласно стапката на популацијата“ рече Чавушоглу.

„ЈПГ во никој случај не може да заземе никакво место во новата структура. Со повлекувањето на ЈПГ, на нивно место ќе се најдат турски и американски војници. Ние ќе го контролираме повлекувањето на силите на ЈПГ. Кој ќе ја оебзбеди безбедноста на овие простори. Тоа ќе бидат Турција и САД. Овој модел најпрвин ќе го спроведеме во Мунбич, а потоа и во другите места. Исто важи за рака и источниот дел на реката Еуфрат, како и за сите места коишто се наоѓаат под контрола на ЈПГ“ рече Чавушоглу.



Слични вести