Ова лето ќе биде жешко како за терористите така и за нивните поддржувачи

Најпрвин ќе ги неутрализираме терористите во Мунбиџ, а потоа без застанување ќе продолжиме со нашиот пат се додека истокот на Еуфрат не биде во потполност безбеден за нас и за нашите сириски браќа

Ова лето ќе биде жешко како за терористите така и за нивните поддржувачи

Претседателот Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара порача дека „наредното лето ќе биде жешко како за терористите, така и за нивните подржувачи“.

Во говорот на состанокот со претставниците на Партијата на правда и развојот (АК Парти) од турските градови, Ердоган се осврна на борбата против тероризмот.

„Ова лето ќе биде многу жешко како за терористите, така и за нивните поддржувачи. Најпрвин ќе ги неутрализираме терористите во Мунбиџ, а потоа без застанување ќе продолжиме со нашиот пат се додека истокот на Еуфрат не биде во потполност безбеден за нас и за нашите сириски браќа", порача Ердоган.

„Операцијата „Маслиново гранче" во наредниот период ќе продолжи со брзо темпо. „Со оглед дека нашата војска од терористите исчисти значителелни ридови (околу Африн) во наредниот период очекуваме дека операцијата да продолжи со побрзо темпо", рече Ердоган.

Досега во операцијата „Маслиново гранче" се неутрализиани 1.873 терористи и под контрола е ставен простор од 415 километри квадратни, рече Ердоган и порача:

„Откако ќе го затвориме обрачот околу центарот на Африн и на терористите им ја оневозможиме комуникацијата, операцијата ќе ја продолжиме со нова стратегија."



Слични вести