Бројот на терористите кои се неутрализирани во Сирија се зголеми на 1873

Само во последната операција од копно и воздух беа неутрализирани уште 44 терористи приврзаници на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ

Бројот на терористите кои се неутрализирани во Сирија се зголеми на 1873

Бројот на терористите кои што се неутрализирани во операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили во Африн во Сирија се зголеми на 1873 година.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот беше истакнато дека во последната операција од копно и воздух беа неутрализирани уште 44 терористи приврзаници на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.

Во соопштението беше истакнато дека во рамките на операцијата која почна на 20 јануари до денес се неутрализирани 1873 терористи.

Продолжува бомбардирањето на терористичките гнезда од копно и воздух.

Од друга страна пак, Турските вооружени сили и Слободната сириска армија селото Бафлер југозападно и Масках северозападно од Африн ги исчистија од терористите.

На тој начин, во рамките на операцијата на Турските вооружени сили подржана од страна на силите на Слободната сириска армија од почетокот на операцијата до денес ослободија една помала општина, 73 села, 6 помали населени места и 20 стратешки планини или ридови, вкупно 101 контролен пунк кои се наоѓаа под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.



Слични вести