Турските вооружени сили ослободија уште три села во Африн

Подрачјето беше бомбардирано од страна на турските хаубици „Фиртина“ кои се стационирани по должината на границата

Турските вооружени сили ослободија уште три села во Африн

Во рамките на операцијата на „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили на Африн во Сирија беа ослободени уште три села од терористите.

Турските вооружени сили и војниците на Слободната сириска армија ги ослободија селата Горно Хаџиканли, Долно Хаџиканли и Дервиш обаси западно од Африн од рацете на сепаратистичко-терористичката организација ПЈД/ПКК.

Во рамките на операцијата на Турските вооружени сили која се подржува од страна на силите на Слободната сириска армија, од 20-ти јануари наваму се ослободени 5 помали општини, 47 села, 3 помали населени места и 17 стратешки планини и ридови, вкупно 68 контролни пунктови.

Во меѓувреме, силите на Слободната сириска армија во рамките на пребарувањето на селото Горно Хаџиканли заробија една жена терорист.

Во рамките на операцијата во планината Дармик беа утврдени засолништа на терористичката организација ПЈД/ПКК.

Подрачјето беше бомбардирано од страна на турските хаубици „Фиртина“ кои се стационирани по должината на границата.



Слични вести