Сочувство од Ердоган до Рохани

Турција искрено ја споделува тагата и жалоста на иранскиот народ

Сочувство од Ердоган до Рохани

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган испрати порака со сочувство до иранскиот претседател Хасан Рохани по повод авионската несреќа во која загинаа 66 лица.

Ердоган во писмото рече дека со големо жалење ја слушнал веста за несреќата во која загинаа 66 лица. На загинатите им посака божја милост.

Ердоган во пораката рече дека на Рохани, пријателскиот и братски ирански народ им изразувам искрено сочувство, Турција искрено ја споделува тагата и жалоста на иранскиот народ.

Турција е спремна доколку биде потребно да пружи секаков вид помош во истражувањето и утврдувањето на несреќата, рече Ердоган.



Слични вести