Претседателот Ердоган ќе ја посети Германија

Лани и покрај предупредувањата на германските власти до своите граѓани, не беше забележан толку голем пад во туризмот

Претседателот Ердоган ќе ја посети Германија

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека по формирањето на новата влада во Германија, претседателот Реџеп Тајип Ердоган исто така ќе ја посети оваа земја.

Во интервјуто за германската новинска агенција ДПА, премиерот Јилдирим рече дека по формирањето на новата влада во Германија и официјалното започнување со должноста, секако дека на дневниот ред ќе бидат изнесени меѓусебните посети на највисоко ниво.

„Во тие рамки покрај германската канцеларка што ќе допатува во псоета на нашата земја исто така и претседателот Ердоган ќе отаптува во посета на Германија“ рече премиерот Јилдирим.

Во освртот на односите меѓу двете земји, премиерот Јилдирим рече дека во претстојниот период министрите за надворешни работи на двете земји почесто ќе се состануваа и одржуваат средби, а исто така очекуваме и претседателот Едоган и некои други турски политичари да учествуваат на изборните митинзи во Германија.

„Тоа секогаш го сакаме. Нашите средби со нашите сограѓани не треба да ја вознемируваат Германија“ рече Јилдирим.

Во освртот на предупредувањето што го објави германското министерство за надворешни работи во врска со патувањата за Турција, премиерот Јилдирим изрази надеж дека во најскоро време ќе се укинат истите, потенцирајќи дека со текот на времето уште повеќе ќе се зголеми бројот на германските туристи во Турција.

Лани и покрај предупредувањата на германските власти до своите граѓани, не беше забележан толку голем пад во туризмот, рече премиерот Јилдирим потенцирајќи дека оваа година се забележува пораст од 50 насто во германските резервации за Турција.



Слични вести