Турција освен тоа што ги штити границите на НАТО, исто така го спречуваме миграторниот бран

ПКК е терористичка организација, а исто така и ПЈД/ЈПГ е терористичка организација

Турција освен тоа што ги штити границите на НАТО, исто така го спречуваме миграторниот бран

Премиерот Бинали Јидлирим го повтори ставот дека ПКК е терористичка организација, потенцирајќи дека и ПЈД/ЈПГ е терористичка организација. Во суштина ЈПГ претставува сириски огранок на ПЈД/ПКК, рече Јилдирим.

Во рамките на работната посета на Германија, премиерот Јилдирим оствари тет-а тет средба со канцеларката на оваа земја Ангела Меркел.

По средбата двајцата премиери одржаа заедничка прес конференција и одговараа на прашањата на новинарите.

Јилдирим на средбата потсети дека последен пат канцларката Меркел имале можност да ја дочекаат на 2 февруари 2017 во Анкара и изрази задоволство од можноста за остварување повторна средба по период од една година.

Јилдирим и Меркел имаа ограничено време за разгледување на односите меѓу двете земји.

Турските сограѓани кои живеат во Германија и чиј број изнесува над три милиони се значаен мост на пријателство меѓу двете земји, рече премиерот Јилдирим потенцирајќи дека нивното присуство во оваа земја е гаранција за турско-германските односи.

Во период кога Турција води беспоштедна борба против тероризмот во регионот, не ги брани само животите и имотите на своите граѓани, туку истовремено ги брани и границите на НАТО. Турција исто така е земја која како последица на граѓанската војна во Сирија и Ирак и  неповолниот одраз на терористичките организации ДЕАШ (ИСИЛ) и другите, го спречува миграторниот бран од овие земји. Денес Турција е домаќи на над 3,5 милиони бегалци. Тие се наши гости и Турција ги подмирува нивните потреби. Додека го правиме тоа, исто така вложуваме напори да го спречиме проширувањето на терористичките активности на терористичките организации во Германија и Европа. Во врска со тоа имаме заедничка соработка со ЕУ. Секако дека канцеларката Меркел има голем придонес во тоа. Во рамките на Унијата беше усвоена значајна одлука за пружање помош за образованието, здравството, сместувањето на бегалците на местото каде што се наоѓаат. Покрај одредени недостатоци, продолжуваат активностите на тоа поле. Ја користам оваа прилика уште еднаш да го изнесам моето задоволство од решителноста и поддршката на канцеларката Меркел на тоа поле.

Во односите меѓу Турција и Германија постои одредена чувствителност, рече премиерот Јилдирим потенцирајќи:

ПКК е терорисричка организација. Во суштина ЈПГ е огранок на терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија. Тоа го истакнуваат како Британија и британските разузнавачки служби, така и американските. Затоа, без оглед на нивните имиња, нивната цел е да се наруши спокојството и просперитетот во регионот и да се формираат нови проблематични зони. Додека ја водиме оваа борба, сакаме поголема поддршка од нашите пријатели “ рече Јилдирим.

Во освртот на решителноста во борбата против ДЕАШ, премиерот Јилдирим посочи на потребата за водење иста борба и со другите терористички организации во регионот.

Операцијата „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили во сириското подрачје Африн е насочена кон иста цел. Тоа е операција за уништување на терористичките организации кои вршат насилства и зулуми врз невиното население. Имавме можност да разговараме и за тоа, рече Јилдирим.

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка прес конференција изрази задоволство од изјавата на премиерот Јилдирим кој рече дека без оглед на проблемите во билатералните односи, Турција е спремна да вложи напори да се надминат истите, поради што чекор по чекор ќе се залагаат да ги решат проблемите во изминатите месеци.

Во продолжение Меркел рече дека на средбата разговарале и за правната држава, дека го осудиле обидот за државен удар на 15 јули, посочувајќи дека истрагите треба да се вршат согласно начелата на правната држава апелирајќи за пуштање на слобода на германските граѓани кои се држат во притвор поради политички кривични дела.

Турската влада изнесе барање за пуштање во оптег на материјалните средства за образованието на сириските бегалци кои ветени од страна на ЕУ, рече Меркел која вети дека и самата ќе се ангажира во рамките на ЕУ за исплата на 3-те милијарди евра помош на Турција кои беа ветени како и исплата дополнителни уште 3 милијарди евра.

Меркел акцентираше на значењето на односите со Турција и нагласи на потребата за заштита на заедничките вредности како и зајакнување на билатералните односи.

На едно прашање на еден турски новинар во врска со мислењето и ставот за нападите на приврзаниците на терористичката организација ПКК врз џамиите во Германија, Меркел одговори дека без оглед на тоа дали станува збор за напад на џамија, синагога, црква, нема да дозволат насилство и ќе ги преземат сите мерки и санкции за заштита на невините луѓе. Германската канцеларка Ангела Меркел го повтори повикот до приврзаниците на сите етнички заедници во земјата за соживот во мир.



Слични вести