Случувањата во Сирија и Ирак беа главна тема на средбата на Ердоган со Тилерсон

Денес американскиот државен секретар Тилерсон ќе се состане со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу

Случувањата во Сирија и Ирак беа главна тема на средбата на Ердоган со Тилерсон
(ВИДЕО) Случувањата во Сирија и Ирак беа главна тема на средбата на Ердоган со Тилерсон
(ВИДЕО) Случувањата во Сирија и Ирак беа главна тема на средбата на Ердоган со Тилерсон

Синоќа претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон. Средбата траеше над три часа

Синоќа претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон. Средбата траеше над три часа.

Според извори од кабинетот на претседателот Ердоган, главна тема на разговорите беа случувањата во Сирија и Ирак како и другите регионални прашања, борбата против тероризмот и билатералните односи.

Претседателот Ердоган на средбата со Тилерсон му ја пренесе загриженоста на Турција во врска со приоритетите и очекувањата на земјава.

На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Денес американскиот државен секретар Тилерсон ќе се состане со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Главна тема на разговорите ќе бидат американската поддршка на сепаратистичко-терористичката организација ПЈД/ПКК како и приоритетните прашања на дневниот ред на двете земји и меѓународните прашања.

Лани на 30 март Тилерсон престојуваше во посета на Анкара, а на 10 јули престојуваше во посета на Истанбул.



Слични вести