Договорено формирање на заеднички механизам за решавање на проблемите меѓу Турција и САД

Мораме да бидеме сигурни дека ЈПГ ќе премине на источната страна на Еуфрат, мораме да видиме тоа да се имплементира.

Договорено формирање на заеднички механизам за решавање на проблемите меѓу Турција и САД

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, по состанокот со американскиот колега Рекс Тилерсон, изјави дека е постигнато разбирање за нормализација на односите меѓу Турција и САД.

Чавушоглу денес во Анкара се состана со американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон, а по состанокот е одржана заедничка прес-конференција. Во фокус на разговорот на шефовите на дипломатија на Турција и САД, беа случувањата во Сирија, со акцент на турската операција на северниот дел на Сирија.

„Нашите односи се во критичен период. Бевме должни или да ги поправиме односите или тие би биле уште полоши. Со волјата која ја покажуваме од синоќа постигнавме разбирање за нормализација на нашите односи. Постојат чекори кои треба да се направат, но и очекувања од двете страни“, порача Чавушоглу.

На прашањето во врска со припадниците на ЈПГ во Мунбиџ, Чавушоглу изјави дека САД претходно дал збор дека тие ќе бидат извршени од овој регион, но тоа ветување не е исполнето.

„Мораме да бидеме сигурни дека ЈПГ ќе премине на источната страна на Еуфрат, мораме да видиме тоа да се имплементира. Откако ЈПГ ќе излезе (од Мунбиџ) можеме да направиме чекори со САД засновани на доверба “, изјави Чавушоглу.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон констатираше дека односите на неговата земја со Турција се постојани и стратешки.

Тилерсон додаде дека ќе се работи на ветувањата дадени на Турција за Мунбиџ, и дека тоа ќе биде меѓу приоритетите.

„Прво ќе разговараме за темата Мунбиџ и тоа е прва тема. Секако дека постојат ветувањата кои САД ги дадоа претходно. Тие ветувања сеуште не се исполнети во потполност. Во рамките на работната група ќе разговараме за тоа“, изјави Тилерсон, и додаде дека односот меѓу Турција и САД е крајно длабок и важен.

„Тоа не е само партнерски однос заснован на интересите, туку однос кој помина од одредени тестови“, изјави Тилерсон, нагласувајќи дека верува оти односите на двете земји можат да се подобрат.

Тој нагласи исто така дека не постои разлика меѓу целите на Турција и САД кога станува збор за Сирија, а тие, како што тој рече, ќе ја спасат оваа земја од ДЕАШ, ќе воспостават стабилност, и ќе овозможат враќање на жителите на Сирија кои ги напуштија своите домови.

По состанокот е објавено и заедничко соопштение на Турција и САД, во кое е наведено дека ќе биде покажан одлучен став против сите иницијативи кои во Сирија можат да доведат до демографски промени.

Нагласено е исто така дека до средината на март ќе дојде до формирање на заеднички меганизам за решавање на проблемите меѓу Турција и САД.

Турција и САД ја потврдија определеноста за заштита на територијалниот интегритет и национално единство во Сирија.



Слични вести