Премиерот Јилдирим на 15 февруари во Берлин ќе се состане со канцеларката Меркел

По средбата во Берлин, премиерот Јилидим ќе отпатува за Минхен каде што ќе учествува на Меѓународната безбедносна конференција

Премиерот Јилдирим на 15 февруари во Берлин ќе се состане со канцеларката Меркел

На 15 февруари премиерот Бинали Јилдирим во Берлин ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролот на германската влада Стефан Сајберт во писменото соопштение рече дека Јилдирим и Меркел ќе се состанат во 16 часот според локално време и веднаш потоа ќе одржат заедничка прес конференција.

По средбата во Берлин, премиерот Јилидим ќе отпатува за Минхен каде што ќе учествува на Меѓународната безбедносна конференција и ќе одржи говор.

Премиерот Јилдирим и делегацијата во негова придружба се очекува да одржат билатерални и средби меѓу делегациите.



Слични вести